Анѓелка Прпиќ за траумата со колегата: Ме удри во стомакот додека бев осми месец бремена

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Српската актерка Анѓелка Прпиќ (36), која во јавноста е најпозната по улогата во хумористичната серија „Андрија и Анѓелка“, открила непријатна ситуација што ѝ се случило во текот на снимањето на серијата „Жените од Дедиње“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andjelka Prpic (@andjelkap)


Како што објаснила, актерот Петар Стругар со кого ја снимала сцената тогаш не знаел дека е бремена затоа што пред снимањето, долго време не се виделе. А, траумата што ја доживеал тој ден, ја влечел до крајот на снимањето на серијата.

– Бев во осмиот месец од бременоста, го снимивме мојот вистински ултразвук, тој почна да ме удира затоа што мислеше дека тоа е сунѓерест стомак којшто вообичаено се користи на снимањата. Му реков: „Не, не, престани, ова е мојот стомак!“ Го пресеков на лице место и се тресеше два дена, не можеше да дојде при себе – изјавила актерката за телевизијата „Хајп“.

Според нејзините зборови, траумата што тогаш ја доживеал Петар, траела до крајот на снимањето на серијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Petar Strugar (@p_strugar)

За потсетување, Анѓелка се разведе лани по девет години брак. Популарната актерка за српските медиуми откри дека останала во пријателски односи со поранешниот сопруг, со кого има еден син.

– Кога мојот поранешен сопруг и јас сфативме дека тоа е крај, седнавме со него и се му објаснивме. Секако, во рамките колку што може еден седумгодишник да разбере. Јакша е разбрано дете, а и ние се разведовме цивилизарано, така што немаше големи проблеми. Важно ми беше да се посоветуваме и со детски психилог за се да помине што побезболно – рекла Анѓелка за хрватска „Глорија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот