Ангеловски: Жалам што не победивме

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски според прикажанато на неговите фудбалери смета дека Македонија требаше да победи.

– И пред почетокот истакнав дека ќе бидам задоволен со се што е над три освоени бода. Но, сега, по ремито во Љубљана и после една ваква квалитетна игра, морам да кажам дека жалиме за останатите два бода. Доказ дека имаме квалитет се многуте шанси кои ги имавме. Барем една од тие да погодевме, ќе победевме вечерва. Одиме понатаму, има уште многу да се игра во квалификациите – изјави Ангеловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот