Ангеловски: Задоволен од реализацијата, го остваривме посакуваното

facebook.com/FudbalskaReprezentacija/

Селекторот на нашата сениорска репрезентација е задоволен од настапот и победата на неговите фудбалери вечерва против Лихтенштајн (5:0).

Игор Ангеловски вели дека сè што се планираше за овој меч, на крајот беше успешно реализирано.

– Тешко е во фудбалот да остварите ваков убедлив резултат против било која селекција во денешниот фудбал. Планот беше да дојдеме до што повисока победа и воедно играчите добијат повеќе одмор и свежина пред дуелот со Германија. Победата не беше доведена во прашање. Во првиот дел доминиравме на теренот, сакавме уште од стартот на вториот дел да постигнеме погодок, тоа и се случи. Среќен сум од реализацијата, иако можевме на крајот да постигнеме уште некој гол – вели Ангеловски.

Следниот меч „црвено-жолтите“ ќе го имаат на 31 март во Дуизбург против Германија.

Германците денеска запишаа уште еден триумф кај селекцијата на Романија славејќи со 0:1.

ВИДЕО: Барди стрелаше од слободен удар, Трајковски го престигна Христов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот