Ангеловски: Требаше да бидеме наградени барем со бод!

Селекторот Игор Ангеловски жали што противникот успеал од една шанса да дојде до трите бода и поради фактот што дојдоа огромен број на навивачи на трибините.

– Една лошо исфрлена топка беше клучна и така Полска триумфираше од само од еден удар, но тоа е резултатот. Македонија покажа дека може да се носи со фаворити, се надевам дека вака ќе играме и против Австрија. Во второто полувреме имавме убава шанса преку Несторовски кој шутираше, а потоа од непосредна близина се најде и Алиоски. И во првото полувреме можевме да постигнеме гол, но не успеавме. Аплаузот на крајот кој го добивме многу ни значи, од 25.000 навивачи. Имавме ситуации каде што моравме подобро да реагираме, останува со фудбалерите да анализираме каде сме згрешиле – изјави Ангеловски.

Додава уште дека оваа игра на неговите играчи требаше да биде наградена барем со бод. Овие фудбалери имаат квалитет, тоа го покажаа вечерва, но пресуди еден среќно- несреќен гол. Мрме упати воедно благодарност до публиката што дојде во толкав број и се надева дека слично ќе биде и против Австрија.

Муслиу поради црвениот картон нема право да настапи против Австрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот