Ангеловски со проверени сили на стартот на новото издание на Лигата на Нации

Фото: ФФМ

Селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери за претстојните два натпревари против Ерменија (5. септември) и Грузија (8. септември) од новото издание на Лига на Нации.

– За натпреварите против Ерменија и Грузија се повикани фудбалери на кои сметав подолг период и на претходните натпревари. Поради повреда нема да сметаме на Тихомир Костадинов, а Ферхан Хасани ќе недостасува заради „Covid” ограничувањата во Финска. Даниел Аврамовски има пријавено повреда, но е вклучен во составот и ќе допатува во Скопје каде што ќе му бидат извршени прегледи од страна на нашиот медицински тим, се надевам дека ќе биде во ред. Овие фудбалери на македонската репрезентација веќе подолг период остваруваат одлични резултати, трето место во квалификациите за ЕП, прво место во групата од Лига на Нации, пласман во бараж за Европско првенство и очекувам согласно нивниот квалитет да продолжиме со позитивни игри и резултати, а се со цел да ги израдуваме нашите верни навивачи кои ќе ни недостасуваат на овие натпревари. Овие два натпрeвари од новото издание на Лига на Нации, покрај резултатскиот императив ни се добредојдени и за последна проверка во пресрет на натпреварот против Косово на 8. октомври – истакна селекторот на А репрезентацијата, Игор Ангеловски.

Собирот на А репрезентацијата е закажан за 31. август (понеделник) во 12:00 часот во хотел „Гранд Плаза“ во Скопје.

ГОЛМАНИ: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано), Дејан Илиев (Арсенал), Дамјан Шишковски (Докса);

ОДБРАНА: Висар Муслиу (МОЛ Фехервар), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт), Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон), Дарко Велковски (Ријека), Ѓоко Зајков (Шарлроа), Кристијан Тошевски (Тирана);

СРЕДЕН РЕД: Енис Барди (Леванте), Аријан Адеми (Динамо Загреб), Бобан Николов (МОЛ Фехервар), Стефан Спировски (АЕК Ларнака), Езџан Алиоски (Лидс Јунајтед,), Елиф Елмас (Наполи), Даниел Аврамовски (Кајзериспор);

НАПАД: Горан Пандев (Џенова), Иван Тричковски (АЕК Ларнака), Илија Несторовски (Удинезе), Александар Трајковски (Мајорка), Крсте Велкоски (Сарајево), Влатко Стојановски (Шамбли).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот