Ангеловски: Снимањето со камери и директно препраќање на казните кај сторителот е еден од плановите на МВР

Ангеловски во продолжение ја објасни најголемата причина за сообраќајните несреќи кои се случуваат во државата. 

Ако се погледне статистиката годините наназад можеме да кажеме дека бројката се подобрува, но не можеме да кажеме дека сме задоволни со ваквите бројки. Со цел да ги надминеме овие проблеми МВР се обидува колку е можно повеќе да влијае преку превентивни акции.Не ги казнуваме возачите за да го полниме буџетот. Казните се да се влијае врз свеста на сторителот на прекршок, изјави за Утрински брифинг портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Ангеловски во продолжение ја објасни најголемата причина за сообраќајните несреќи кои се случуваат во државата.

– И 10 км/ч над дозволената брзина може да предизвикаат жртва. Не е битно дали ќе платите 10 или 300 евра. Казната е да сфатите дека грешите. Најголема причина за сообраќајни несреќи со жртви е управувањето со возило над дозволената брзина. Секако тука е и возењето во алкохолизирана состојба и непочитување на знаци. Намалувањето на казните е во процедура. Парламентот треба да ги усвои измените. Нас не ни се битни парите, туку пораката до граѓанинот дека е санкциониран и да не го повторува прекршокот, бидејќи така го почитува и заштитува сопствениот а и другите животи – додаде Ангеловски.

– Снимањето со камери и преку тој начин директно да се препраќаат казните кај сторителот е еден од плановите на МВР, кој што планираме да го реализираме во наредниот период – додаде за Утрински брифинг Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот