Ангеловски: Шансите за ЕП остануваат, и во Варшава по бодови

фото: ФФМ

Македонската фудбалска репрезентација триумфираше над Словенија во седмиот меч од квалификациите за ЕП 2020 година (2:1).

Три бода кои што ги оставаат играчите на Ангеловски, следува голем тест против Полска против која исто така ќе се бара нов голем резултат.

– Секоја чест момци, браво и за публиката. Пред мечот знаевме со какви проблеми се соочувавме. Дел од нив не беа неколку месеци во потребната натпреварувачка форма. Но, и покрај тоа одигравме максимално од наша страна. Победата е убава, но ништо сеуште не сме направиле, сега следува Полска. Мораме да останеме цврсто на нозе, до последен атом ќе се бориме за шанса за пласман на Европското првенство. Нормално шансите сега стануваат поголеми, во Скопје покажавме дека можеме да се носиме со Полјаците, но ќе одиме на бодови. Бејтулаи ќе се врати, Адеми се пожали на повреда, затоа беше и заменет, ќе покажат додатните лекарски прегледи околу тежината на повредата – изјави селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски.

Дуелот Полска-Македонија ќе се игра на 13 октомври во Варшава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот