Најдобрите македонски фудбалери денеска не успеаја да извлечат барем бод во Никозија против Ерменија што ќе значеше и наше учество во Лигата „Б“.
Со минималниот пораз од 1:0, остануваме во Лигата „Ц“, а Ерменците ќе играат во повисокиот ранг од Лигата на нации со доста посериозни противници во натпреварувањето.
Селекторот Игор Ангеловски чиј договор со ФФМ и А репрезентацијата истекува оваа година го имаше последниот натпревар на клупата. Останува сега од федерацијата дали ќе донесат одлука за продолжување на соработката со Ангеловски кој ја оствари главната цел, пласман на Европското првенство.
– Жалиме што не се пласиравме во Лигата „Б“. Во првото полувреме не ги искористивме нашите шанси, а во второто примивме еден наивен гол. Не требаше да калкулираме, а тоа го реков и пред мечот. Играта не беше најдобра, да, поразени сме, но мора да сфатите дека тешко е за фудбалерите да се играат три натпревари за седум дена.
Не можете секогаш да победувате. Важно е тоа дека претходно ја остваривме главната цел со победата над Грузија и пласманот на Европското првенство – вели Ангеловски.
ВИДЕО: Не одигравме ниту „нула“, Ерменија ќе учествува во Лигата „Б“!