Ангеловски пред „мисијата“ Варшава: Играме за нешто големо!

ffm.mk

Селекторот Игор Ангеловски добро знаеше со какви проблеми се соочуваше и пред Словенија во кроењето на составот.

Моментно ништо дефинитивно не може да каже на кого може да смета за наредниот меч, туку најпрво мора да се консултира со лекарскиот тим.

Иван Тричковски заедно со Аријан Адеми се под знак прашалник за настап во утрешниот натпревар, откако првиот се пожали на повреда на задната ложа, а вториот доби тежок удар на натпреварот во Скопје против Словенците.

– Не е важно против кого играме, туку за што играме. Ние играме за нешто големо и не може никој тоа да ни го одземе. Респект за Полска, но ние ќе го дадеме максимумот, а дали тоа ќе биде доволно за нешто, ќе видиме. Можам да кажам дека уживам во моментов со овие момци кои го даваат максимумот на секој меч. Еве, Стефан е до мене, знаеме во каква здравствена ситуација беше, па одигра херојски со Словенија. Така беше и со Пандев во Израел, така беше и со Адеми. Сигурен сум дека тие што ќе настапат, ќе дадат максимум. Левандовски е најопасниот играч на Полска, ме импресионираше уште кога играше за Борусија. Но, мене ме импресионираат и моите фудбалери и она што тие го покажуваат во моментов – се зборовите на стратегот на „црвено-жолтите“, Ангеловски.

Стефан Ристовски истакна дека на дуелот во Варшава треба да се влезе со „ладни глави“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот