Ангеловски: Полска искусно ги казни нашите грешки!

фото: ФФМ

Нашата селекција не успеа да направи изненадување, на крајот загуби од Полска со 2:0 во Варшава и официјално се пласираше на Европското првенство 2020 година.

– Им честитам на полските фудбалери за пласманот на Европското првенство. Ги примивме головите во моментите кога игравме добро. Направиме грешки и искусна репрезентација како Полска знаеше како да ги искористи. Тоа беше одлучувачко за победата на домаќините. Полска го има потребното искуство во вакви важни натпревари. Немам што да коментирам што се однесува до храброста на моите играчи. Успеавме долг период од мечот да имаме нерешен резултат – рече селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски.

Последните два меча ќе ги имаме во ноември каде што ќе ги имаме и натаму математички шансите за второто место кое води на континенталниот собир.

Дефинитивно ќе мораме да одиме на две победи, најпрво на гости кај Австрија, а потоа и дома над Израел. Исто така ќе ни биде потребна и „услуга“ од Летонија дома да ја совлада Австрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот