Ангеловски: Ништо не е готово, против Грузија се бориме за ЕП

Најдобрата македонска А репрезентација слави пласман во големото финале од плеј-офот за пласман на наредното Европско првенство.

Само уште една победа ги дели избраниците на селекторот Игор Ангеловски до историски пласман на ЕП.

Косово е веќе минато, а последната пречка за учество на континенталниот собир ни е Грузија.

Селекторот на националната селекција на Македонија, Игор Ангеловски:

– Без разлика што немавме публика на вечерашниот дуел, ја имавме поддршката од сите страни во пресрет на мечот. Не е ништо готово, мораме да се спуштиме на земја. Одиме сега во Грузија каде што ќе се бориме за историски успех, се надеваме дека конечно ќе се пласираме на Европско првенство. Ова е момент за радост за цела македонска нација. За шест дена веќе имаме меч со Грузијците, подобро ќе се запознаеме, би сакал да ги имаме сите играчи на располагање. Се надевам и со Елиф Елмас, кој ни испрати порака пред мечот. Што се однесува до повредата на Бејтулаи, се надевам дека не е од посериозен карактер.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Не сме голема репрезентација и секое отсуство може да биде проблем. Македонија создаде победнички менталитет. Се враќавме против Италија и Словенија, а не загубивме глава по примениот гол. Тоа е заслуга и на фудбалерите и нивната работа во клубовите, бевме добро психолошки подготвени да се издигнеме и во ваква ситуација. Сето тоа нè донесе до моментот да ја видиме Макеоднија после 30 години на едно Европско првенство – изјави Ангеловски на прес конференцијата после мечот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот