Ангеловски: Никогаш не би му го одземал правото на некој да биде во репрезентацијата!

фото: ffm.mk/Игор Ангеловски, селекторот на македонската А репрезентација

Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски по објавувањето на списокот со повикани фудбалери за натпреварите против Романија (25. март, Букурешт), Лихтенштајн (28. март, Скопје) и Германија (31. март, Дуизбург) од квалификациите за Светското првенство 2022 вели дека повиканите фудбалери се подолг период заедно и заслужуваат место во националниот тим.

– Списокот е составен од играчи кои беа дел од репрезентацијата веќе подолг период. Може да се забележи дека 99% од повиканите играчи се оние истите кои претходно го понесоа товарот, играа во Лигата на нации и квалификациите за ЕП и успеаја да ѝ го донесат историскиот успех на Македонија со пласманот на Европското првенство за прв пат во својата историја во сениорска конкуренција, нешто на кое чекавме од нашата независност.

Како човек и како селектор, никогаш не би му го одземал правото на некој да биде дел од националниот тим, а тоа да го заслужува и со односот кон репрезентативниот дрес и со постигнатите резултати преку повеќегодишна макотрпна работа – изјави Ангеловски.

Подготовките за почетокот на квалификациите за Светското првенство, нашата репрезентација ги започнува на 22 март во Скопје.

Ангеловски го објави списокот на играчи за почетокот на мундијалските квалификации

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот