Ангеловски не го менува тимот кој победува, Австрија без Арнаутовиќ

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, го објави списокот со кој ќе настапи на историското деби на Европските првенства против Австрија.
На голот е стандардниот Столе Димитриевски, додека одбраната ја сочинува триото Висар Муслиу, Дарко Велковски и Стефан Ристовски, а во средниот ред ќе бидат Бобан Николов, Елиф Елмас Елмас, Енис Барди, Аријан Адеми и Езџјан Алиоски. Нападот ќе го предводат Горан Пандев и Александар Трајковски и ова е тимот кој ја победи Германија пред три месеци во квалификациите за СП 2022.
Австрискиот селектор Франко Фода одлучи најдобриот напаѓач Марко Арнаутовиќ да го остави на клупата, а шанса да му укаже на Саша Калајџиќ од Штутгарт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот