Ангеловски: Кулушевски донесе одлука – обратете се кај Јаховиќ зошто не е во репрезентацијата!

Веќе одамна е завршена дилемата дека екстра талентираниот фудбалер Дејан Кулушевски кој сега игра со најдобрите фудбалери на Јувентус, одлуката да ги брани боите на Шведска.

Кулушевски настапуваше за У17 селекцијата на Македонија, веднаш доби понуда од селекторот Игор Ангеловски да игра и за нашата најдобра репрезентација, но истата беше одбиена.

Во емисијата „Заспиј ако можеш“ Ангеловски откри зошто не се успеа во намерата младиот играч да го облече сениорскиот дрес на Македонија.

– Имав состанок со него и неговиот родител, со понуда да игра за Македонија. Тој мислеше дека е некој несериозен предлог, но јас бев упорен што му кажав дека ќе ја испратам поканата до Аталанта (тогашниот клуб на Кулушевски) за да игра за Македонија.

Прочитајте и...  Лапорта е сериозен конкурент на Фонт за претседател на Барса, најавува две трансфер бомби

Но, неговиот татко беше дециден дека сака да игра за У19 репрезентацијата на Шведска која тогаш избори настап на ЕП и дека после тоа може да разговараме. Повторно имавме состанок, му гарантирав место во А репрезентацијата, но добивме одговор дека неговата одлука е да настапува за Шведска – се зборовите на Ангеловски.

Исто така зборуваше и за екс членот на репрезентацијата, Адис Јаховиќ и зошто не е повеќе дел од националниот тим (од 2017 година), иако во Турција има одлични игри.

– Јас како селектор му ја симнав суспензијата, откако учествуваше во тепачка со Даниел Георгиевски. Му дадов можност за поправен, имавме меч во Торино против Италија, не влезе во игра, а потоа имавме и натпревар со Лихтенштајн во Струмица. Пред тој натпревар ми кажа дека сака да ја напушти репрезентацијата, односно мислеше да се посвети на клупскиот фудбал и дека еве сака да им даде можност на помладите колеги. Мојот одговор беше дека е рано за такво нешто и дека е потребен на репрезентацијата, но доколку е тоа негова одлука, мислам дека е погрешна и дека јас ја почитувам. Дојде на мечот со Лихтенштајн, беше 75. минута откако беа направени замените, самоволно ја напушти клупата, го напушти стадионот и со својот родител си замина за Скопје, и притоа објавувајќи дека нема да игра за репрезентацијата. На прес-конференција му се заблагодарив за сето тоа што го направи за Македонија, за сите голови, за сите негови настапи и однос кон клупските другари, селекторите. А зошто не игра во репрезентацијата, треба да се обратат сите кај него. Јас само дадов појаснување – вели Ангеловски.

Прочитајте и...  Што се случувало во домот на Марадона, болничарката фатена во лага

Поврзани вести

ВИДЕО: Реал продолжува да подарува бодови, овој пат Алавес ги однесе трите бода

Слободен печат

Познати платите на возачите во Ф1, Хамилтон заработил колку и 14 возачи заедно

Слободен печат

Изненадување: Србија поразена од репрезентација која 65 години не играла на Евробаскет, Русија ја прегази Естонија

Слободен печат

Брегалница: Насилството да се исфрли од фудбалот 

Слободен печат

ВИДЕО: Лидс и Алиоски го зедоа скалпот на Евертон

Слободен печат

ВИДЕО: Јувентус не може да победи без Роналдо, Интер убедлив против Сасуоло

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian