ВИДЕО: Ангеловски: Имаме мирен изборен ден, регистрирани се помали инциденти

Тони Ангеловски, портпарол на МВР, Фото: Слободен печат

Потпаролот на Министерството за внатрешни работи Тони Ангеловски за „Слободен печат” изјави дека изборниот ден е мирен, со регистрирани два помали инциденти.

– Позманаен инцидент има во Росоман каде жена болна од ковид-19 гласала. Против нејзе ќе биде поднесена кривична пријава- изјави Ангеловски.

Тој посочи дека во Скопје на гласачко место лице ги фрлило гласачките листови зошто не му било дозволено помош од трето лице.

Покрај овие два инциденти, како што информира Ангеловски, забележани се и случаи на лепење плакати блиску до места каде што се гласа и фотографирање на гласачко ливче во Зајас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот