Ангеловски: Елмас заслужува повеќе шанси од Гатузо, беше најдобриот против Интер! - Слободен печат

Ангеловски: Елмас заслужува повеќе шанси од Гатузо, беше најдобриот против Интер!

Селекторот на македонската А репрезентација вели дека е фундаментално нашиот „Дијамант“ да биде на терените пред важниот дуел против Косово.

И селекторот на најдобрата македонска фудбалска репрезентација со големо внимание го следеше настапот на Елмас на првиот натпревар од полуфиналето во Купот на Италија помеѓу Интер и Наполи.

Потсетување по првите 90 минути триумфираа „наполитанците“ со 0:1 и се чекор поблиску до пласман во големото финале. Целиот меч го одигра македонскиот репрезентативец Елиф Елмас на „Џузепе Меаца“ стадионот во Милано.

Стратегот на „црвено-жолтите“, Игор Ангеловски вели дека Елиф Елмас импресионираше на теренот против „неро-аѕурите“ кои сезонава бијат битка и за шампионската титула во Серија А.

– На овој дуел мислам дека Елмас беше најдобриот на теренот. Бев многу среќен кога го видов Елмас како игра на натпреварот меѓу Интер и Наполи. Се слушнав со него после мечот и ми рече дека е среќен, како и од улогата (како офанзивно крило) што му беше дадена од тренерот Џенаро Гатузо, но тука нема изненадување, тој секогаш ја игра таа улога во репрезентацијата. Сигурен сум дека Елмас можеше да има повеќе настапи оваа сезона, но и за толку колку што одигра досега, докажа дека многу вреди. Фундаментално е, Елмас мора да игра, имаме важен предизвик против Косово (за пласман на ЕП 2020). Гатузо дојде на клупата во текот на сезоната, тој мора да го разбира и оценува тимот, но мислам дека ги сфати квалитетите на Елмас. Убеден сум дека на Елмас ќе му даде повеќе шанси во вториот дел од сезоната – вели Ангеловски за „Радио Марте“.

Прочитајте и...  Лацио е сериозен конкурент за титулата, со пресврт го совлада Интер (ВИДЕО)

Прочитај повеќе

Ленард: Ти благодарам Коби, за сè што направи за мене! (ВИДЕО)

Слободен печат

„Ла Лига“: Барселона има 15 дена да ангажира напаѓач

Слободен печат

Солскјер: Пол Погба не е играч на Рајола!

Слободен печат

ЕХФ тв: Навивачите на Вардар го одбележаа викендот во ЛШ! (ВИДЕО)

Слободен печат

Тодоров: Доста корисен тест пред Естонија и Русија!

Слободен печат

Рамос не знае да промаши откако си замина Кристијано Роналдо

Слободен печат

Остави Коментар

четири × 4 =

Прочитај повеќе

Оптимизам на „Етихад“: Не си одат главните ѕвезди, и Гвардиола останува!

Слободен печат

Се ближи и тој ден кога Ѓоковиќ ќе го престигне Сампрас

Слободен печат

Нови државни рекорди на Македонија на „Дубочица Опен“

Слободен печат

ЛШ: Дибиров со најдобриот гол, Скубе во тимот на колото! (ВИДЕО)

Слободен печат

„Тимот на Леброн“ славеше во Ол-стар мечот, Ленард МВП! (ВИДЕО)

Слободен печат

Селта му откина бод на Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ (ВИДЕО)

Слободен печат