Ангеловски: Елмас е исто така загрижен, ме увери дека ќе биде на располагање!

Фото: facebook.com/igor.angelovski

Селекторот на најдобрата македонска фудбалска репрезентација будно ја следи ситуацијата со тројцата македонски репрезентативци во Италија.

На фејсбук страницата на Елиф Елмас се вели исто така дека треба да дојде до одложување на мечот во Скопје:

– Македонија-Косово, мора да се игра пред полни трибини!! Одложете го мечот и оставете нè да прославиме историска победа заедно со нашите навивачи!!

Нашиот фудбалски „Дијамант“ Елмас настапува во Италија, од оваа сезона ги брани боите на Наполи.

А освен Елмас, во Серија А играат уште двајца македонски репрезентативци, Горан Пандев во Џенова и Илија Несторовски во Удинезе.

фото: твитер

Претходно Пандев исто така како и Бобан Николов побараа полуфиналниот дуел со косовската селекција да се одложи, односно да не се игра на 26. март.

Истата порака на Николов на социјалните мрежи ја споделија уште селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, како и ракометарот на Вардар, Стојанче Стоилов.

Селекторот Ангеловски кој исто така будно ја следи ситуацијата со нашите тројца играчи кои што се на Апенините, во разговор со „Радио Марте“ одговори на прашањето како Елмас се снаоѓа во овој тежок момент:

– Често контактирам со Елиф кој секако исто така е загрижен, тој е млад. Со своето семејство е во Италија, се чувствуваат како дел од Италија и солидарни со целата држава. Има мала повреда, медицинскиот тим на Наполи моментно не е преоптоварен со него. Ме увери дека доколку добие можност да игра против Косово, ќе биде на располагање, барем од физичка гледна точка – вели Ангеловски.

Останува да се види дали ќе се остане на одлуката да се игра натпреварот Македонија-Косово пред празни трибини на 26. март во Скопје за пласман на ЕП 2020 или пак ќе се дојде до одложување што веќе го бараат нашите репрезентативци.

Потсетување дека сите спортски настани во Италија поради коронавирусот се прекинати до 3 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот