Ангеловски до Елмас: Среќно во Наполи, но не смееш…!
Македонскиот интернационалец Елмас досега ги бранеше боите на Фенербахче, а сега ќе се стави на располагање кај тренерот Карло Анчелоти од кого секако може уште повеќе да научи на фудбалски план.
Елмас даде и кратка изјава за медиумите по потпишувањето на договорот.
– Среќен сум и возбуден што ќе играм за Наполи. Ова е моја голема шанса, предизвик да им покажам на сите колку вредам – вели Елмас.
Честитки доаѓаат од сите страни за нашиот „Дијамант“, а секако меѓу нив и селекторот Игор Ангеловски кој исто така имаше желба заедно со Горан Пандев да продолжи на Апенините.
Ангеловски кој со големо внимание ќе ја следи ситуацијата со Елмас да види како ќе се развива пред наредните репрезентативни обврски.
– Среќно во Наполи!!! Ти благодарам што нè направи горди, но не смееш тука да застанеш!! – се зборовите на Ангеловски на својот Фејсбук профил.
Радосен поради трансферот во Наполи е и поранешниот тимски колега од Работнички, Баже Илијоски.