Ангеловски: Би било одлично ако освоиме повеќе од три бода

Игор Ангеловски, селекторот на сениорската фудбалска репрезентација,смета дека шансите за успех во септемврискито квалификациски циклус се големи.

– На списокот нема поголеми промени, главно ова се фудбалерите кои од почеток на квалификациите се во тимот. Стефан Ристовски поради повреда не е во комбинација за настап, додека Ферхан Хасани се уште го нема решено прашањето околу евентуално нов клуб. Во интерес на македонскиот фудбал решивме дека во овој момент Дарко Чурлинов е подобро да биде со селекцијата до 21 години, но секако и во иднина ќе сметам на него. Шанса за настап ќе бара и дебитантот Влатко Стојановски, кој беше најдобар стрелец лани во нашата лига. Се враќаат и Тричковски и Спировски, со нас ќе биде и Дориев кој во неколку наврати и претходно беше повикуван – вели Ангеловски.

Стартот на подготовките ќе биде в понеделник, а дел од најискусните поради настап со своите екипи ќе задоцнат и на репрезентацијата ќе и се приклучат во Ашдод, Израел.

– Собирот е во понеделник, Пандев, Несторовски, Димитриевски, Трајковски и Тричковски поради клупски настапи ќе се приклучат директно во Ашдот во нашата база во Израел. Имаме краток временски период, но долго време сме заедно и мислам дека имаме доволно време да подготвиме против игра за нашиот прв противник Израел, селекција која има доста промени во однос на претходниот меч кој го одигравме со нив. Би бил задоволен ако бидеме на нивото на сите претходни натпревари, освен на оној со Австрија. Би било одлично ако од двата меча освоиме над три бода. Три бода е добро, но не би бил задоволен ако освоиме помалку од три бода, заврши предводникот на македонската репрезентација – вели Ангеловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот