Ангеловски: 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот во историјата на државата

Мобилната единица за безбедност во собораќајот при МВР вчера спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Штип, при што санкционирани се 118 возачи, од кои 57 возеле со брзина поголема од дозволената, без возачка дозвола биле 10, нерегистрирани возила осум, а регистрирани се  и осум неисправни возила што вршат јавен превоз од вкупно 21 колку што се упатени на вонреден технички преглед, изјави денеска потпаролот на МВР, Тони Ангеловски во Штип.

Тој потенцира дека засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, наведувајќи дека е евидентно дека има намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат.

– Во ноември 2020 година споредено со ноември 2019 година имавме намалување од 21 отсто, а кога ќе ги спродиме со декември 2020 година со декември 2019 година имаме намалување  од 21 отсто на бројот на сообраќајни незгоди. Како резултат на преземените активности, 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот во историјата на државата, нагласи Ангеловски.

Ангеловски и од Штип упати апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Потенцира дека покрај репресивните мерки, МВР презема паралелно и превентивни мерки и кампањи.

Одговарајќи на новинарско прашање Ангеловски информира дека предвидено е одземените возила на одреден временски период да се чуваат пред се во круговите на Полициските станици, зависно од просторните можности.

Прашан дали ќе им се одзема возилото и на оние возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, портпаролот на МВР истакна дека за тие возачи е предвидено е ако во рок од една година го повтори прекршокот му се одзема возачката дозвола

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот