Ангеловска: Заживувањето на економијата се одвива со добра динамика

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Реализацијата на буџетот во јули покажува дека заживувањето на економијата се одвива со добра динамика. Од почетокот на кризата во јули за прв пат забележуваме раст на вкупните приходи споредено со лани, сподели министерката за финансии, Нина Ангеловска.

-По реализацијата на вкупните приходи во јуни кои бележеа пад од -9.6% споредено со лани, кога рестриктивните мерки почнаа да се олабавуваат и економската активност да заживува, во јули вкупните приходи се повисоки за 1.4% споредено со јули минатата година. Наплатата на приходите во јули е подобрена во однос на претходните месеци од почетокот на COVID-19 кризата, придонесите бележат раст од 12% и во јуни и во во јули, данокот на личен доход е на речиси исто ниво како лани, посочува министерката.

✔️? Реализацијата на буџетот во јули покажува дека заживувањето на економијата се одвива со добра динамика. Од…

Publiée par Nina Angelovska sur Mardi 4 août 2020

ДДВ забележа раст од 1.2% во јули (падот од апр. од – 33.5% е беше ублажен на – 7.5% во јуни, додека во јули веќе имаме позивен резултат),а даночните приходи бележат пад од -1.7% што е значајно подобрување споредено со јуни кога бележеа пад од -14.5%, мај -28% и април -31%.

-Ефектите од економските мерки насочени за заштита на работните места, за поттикнување на приватната потрошувачка, за подобрување на ликвидноста и премостување и надминување на последиците од ковид кризата даваат резултати и тоа се огледа во реализацијата на придонесите, данокот на личен доход, данокот на додадена вредност- додава Ангеловска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот