Ангеловска: За најмалку 70 отсто се намалуваат ратите за кредитите од финансиските друштва и лизинг компаниите

ФОТО: МИА

За овие средства нема да смеат да се пресметуваат и наплатуваат трошоци провизии и казнени камати

Ратите на кредитите од финансиските друштва и лизинг компаниите се намалуваат за најмалку 70 отсто во следните три месеци за граѓаните, во насока на помош за надминување на ударите од Covid-19, напиша министерката за финансии Нина Ангеловска на својот фејсбук профил.

Додава дека  за овие средства нема да смеат да се пресметуваат и наплатуваат трошоци провизии и казнени камати, обврските рамномерно ќе се распоредат на останатите рати во текот на исплатата или може да се продолжи отплатата за најмалку 90 дена.

Според објавата на министерката известувањето за новите услови граѓаните ќе го добијат преку веб-страната на финансиското или лизинг друштво, смс, е-маил или друга електронска комуникација. Ако во рок од 10 дена не ја одбијат понудата, истата ќе се смета за прифатена. За правните лица ќе се одлучува индивидуално, по барање на самиот клиент, доставено, исто така електронски.

-Со намалување на законската затезна камата, ставката на вкупните трошоци што се наплаќаат кои изнесуваа 51 отсто од вкупната сума на кредитот, сега се намалуваат на 31 отсто. Останатите трошоци кои досега не беа ограничени, сега се ограничуваат на 30% од одобрениот кредит, наведува министерката.

Нови договори за кредити пак, може да се одобруваат со три месеци грејс период по барање на корисникот и во тој период ќе се пресметува само договорна камата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот