Ангеловска: Скратени средства кај сите буџетски корисници, најмногу од стоки и услуги и капитални инвестиции што не може да се реализираат

Средствата од 6,5 милијарди денари што Владата вчера со Уредба ги прераспредели се обезбедени од сите буџетски корисници. Кратење, како што појасни министерката за финансии Нина Ангеловска се направени од делот за стоки и услуги, кај капиталните инвестиции и друго, а средствата се распределени во соодветни програми.

-За прераспределба помеѓу буџетски крисници за овие мерки и финансиска поддршка се разговараше три дена. Мораше да биде донесена. Вкупното кратење е 6,5 милијарди денари и тие се скратени од сите буџетски корисници. Има 1,5 милијарда денари од ставката стоки и услуги, од капиталните инвеестиции од оние, што се непродуктивни и што не можат да се реализираат во овој период. Има различни кратења, а овие средства се распределени на соодветни програми, односно 6,9 милијарди денари се во посебна програма во Владата за Ковид 19. Деведесет и пет милиони се за посебниот фонд за туристичкиот сектор, за оние мерки што беа прогласени за самостојните уметници 6 милиони, 30 милиони за спортистите, рече министерката Ангеловска, одговорајќи на новинарско прашање по средбата со претставниците од угостителскиот сектор.

Прочитајте и...  Тепиќ: Го пријавив во Интерпол „исчезнувањето" на српскиот Републички јавен обвинител Загорка Доловац

Како што најави во одговор на прашање, денеска ќе има средба во Министерството за финансии за иницијативата да има т.н. совет за фискални мерки.

-Мора да сме отворени и мора да ги дискутираме за сите работи и следните мерки. Ова е една иницијатива да имаме т.н. совет за фискални мерки. Во него членови ќе бидат дел од економскиот совет, а дел кои не се во советот. Станува збор за околу 10 до 12 лица кои можат значајно да придонесат со нивните ставови и искуства за да може да разговараме за следни мерки и за реализацијата на мерките што ги преземаме, истакна министерката.

Таа појасни дека за издавањето еврообврзница  е почнат само процесот на подготовка.

-Пазарите на капитал во овој период се ранливи, но се очекува наскоро да почне стабилизацијата. Многу развиени земји издадоа еврообврзници и сега се очекува стабилизација и да се отворат пазарите за земјите во развој. Имаме можност да го следиме пазарот и да одлучиме кога е најдоброто време. Ги проценуваме и ургентните потреби, ги проценуваме ризиците, условите, каква е состојбата на пазарот на капитал, за да го одбереме најдобриот тајминг. Процесот на издавање на еврообврзница трае од 45 до 60 дена. Ние само сме го почнеле процесот на подготвка и сметаме дека е одговорно да ги започнеме сите можни сценарија за да бидеме чекор напред, а не назад, истакна Агеловска.

Прочитајте и...  Финансиска помош од ФООМ за 35 граѓански организации

За каматната стапка на еврообврзницата  не сака да калкулира затоа што, како што посочи, ова е нешто што не се видело на пазарот на капитал досега, но ако се погледнат претходно издадените еврообврзници, очекувам подобра позиција.

Во однос на средствта што се очекуваат во земјава, наведе дека од ММФ се очекуваат 176 милиони евра, што е двојно повеќе од првично побараното, потоа средства од новиот инструмент на ЕУ, како и над 100 милиони евра поддршка од Светската банка.

-Сите работи ги имаме под контрола,  за што поскоро поскоро да обезбедиме средства и ликвидност и за што поскоро да преземаме мерки, рече министерката за финансии.

Таа информираше дека е отворен и солидарен фонд во Владата и дека се работи на олеснување на  процесот на донирање во фондот. Решението се бара со Министерството за правда за да се олесни процесот на тие што сакаат да бидат солидарни.

Прочитајте и...  Трамп тврди дека познатиот новинар ја убил својата помошничка, дали има вистина во тоа?(ВИДЕО)

Ги повика компаниите кои можат да донираат и посочи дека има компании кои веќе донирале и веќе уплатиле авансно даноци, забалежиуваќи дека има компании кои во овој период растат и ќе растат.

Соопшти дека имало предлог и јавно да се објават оние што донирале и оти е можно таквиот предлог да биде прифатен.

Најави дека во солидарниот фонд ќе оди и нејзината минимална плата и потсети дека веќе се откажала од нејзината плата за март

Прочитај повеќе

Царовска: Владата со посебна сериозност ги разгледува барањата на странските инвеститори

Слободен печат

Реисот Сулејман Реџепи разрешен од функцијата

Слободен печат

Спасовски: Вонредната состојба го детерминира датумот на изборите

Слободен печат

Апелација расправа за жалбите за пресудите од 27 април, одбраната бара изземање на судиите

Слободен печат

Димитров: Со координативен пристап ќе ги пребродиме последиците од кризата предизвикана од Ковид-19

Слободен печат

Златото ја сака кризата: Зошто некога е добро да инвестираме во овој благороден метал?

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Три смртни случаи, 25 новозаболени лица од кои најмногу во Скопје

Слободен печат

Добри вести од Кипар: Доколку сте позитивни на коронавирус за време на одморот, сите трошоци ќе ви бидат платени

Слободен печат

Вучиќ: Одлуката на Црна Гора да не им се дозволи влез на граѓаните на Србија е политичка

Слободен печат

Чулев најтешко го доживувал моментот кога одредени колеги од Владата и од МВР ја злоупотребувале полицијата за остварување на „одредени политички цели“

Слободен печат

Димески: МТСП не постапува по барањето за упис на легитимен претседател на Синдикатот на работниците за сообраќај и врски

Слободен печат

Песимистички прогнози за француската економија во вториот квартал

Слободен печат