Ангеловска: Се тече нормално, плати, пензии, социјална помош, се очекува економски пад од 3,4 отсто

Во денешното гостување на ТВ 24, министерката за финансии, Нина Ангеловска најави дека Министерството за финансии подготвува ребаланс на Буџетот.

-Буџетот е ликвиден да ги извршува своите основни обрски. Се тече нормално, субвенциите ги исплативме, повратот на ДДВ е за 26 проценти поголем од лани од април, плати, пензии, социјална помош, се тече нормално. За ребаланс, ние почнавме со изработка на ребаланс- рече Ангеловска.

Генерално, потенцираше Ангеловска, во моментов предизвик е неизвесноста.

-Предизвик е да се појде од што пореалистични проектции на приходната, а од друга страна и расходната страна. Проекцијата на министерството за финансии е 3,4 проценти економски пад, вели Ангеловска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот