Ангеловска: Се интензивира економијата, наредните години растот до пет отсто

фото: МИА

Фундаментите на економијата се солидни. Трендовите во економијата се добри. Растот за годинава е ревидиран на 3,2 проценти, а во наредната година се очекува да се интензивира и да изнесува 4,2 отсто, а во 2021 година да достигне до пет проценти.

Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска дебатирајќи по во собраниската Комисијата за финансирање и буџет каде од денеска почна расправата по предложениот ребаланс на Буџетот за 2019 година.

– Македонија е во првите 10 земји во ЕУ и регионот според ставка на раст на БДП. Проектираниот БДП за оваа година беше ревидиран нагорно на 3,2 отсто. Тој веќе има реализација од 3,6 во првото полугодие.  Нашиот економски раст го препознаваат и интернационалните институции го докажува тоа што и меѓународните финансиски институции го ревидираат во нагорна линија растот, рече министерката.

Таа оцени дека фундаментите на економијата се солидни, а она што е важно  е дека растот е на широка основа.

– Не расте само градежништвото, туку растат и земјоделската активност, индустриското производство, трговијата од услугите, значи се работи за раст навистина на широка основа. Економските трендови се добри и тоа го покажуваат податоците. За 2020 се очекува економскиот раст да се интензивира на 4,2 проценти и пет процнети во 2021 година, рече Ангеловска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот