Ангеловска: Рано е да се зборува за последиците врз нашата економија од коронавирусот

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Се уште е рано да се зборува за последиците на нашата економија од коронавирусот, оцени денеска министерката за финансии, Нина Ангеловска за време на посетата на Свети Николе. Посочи дека од Владата имаат насоки да ги следат состојбите и да преземаат одредени превентивни мерки.

– Вчера беа усвоени неколку одлуки на Владата, кои верувам дека ги знаете, а тоа е во делот на забраната за екскурзии во северна Италија од основните и средни школи. Тоа се на некој начин превенција. Министерот за здравство говореше и ги сподели мерките во однос на резервите, односно да се обезбедиме со ракавици, скафандери, дополнителна опрема. Ние на седницата разговараме долго време во однос на целата ситуација и што е она што може да се превенира, вели Ангеловска.

Таа посочи дека од економската гледна точка е рано да се прават какви било предвидувања, а ја следат и глобалната економија со цел да се преземат и одредени активности. Буџетот во таа насока е ликвиден и неговата реализација е одлична во месец јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот