Ангеловска: Продуктивноста ќе ја зголемиме со инвестирање во човечкиот капитал

Фото: Слободен печат

Еден од предизвиците за нашата земја е зголемување на продуктивноста. Затоа зборуваме за инвестирање во човечки капитал, односно колку сме вложиле во надградување на луѓето, колку сме го искористиле нивниот целосен потенцијал на работните места и во општеството воопшто.

Ова го посочи министерката за финансии Нина Ангеловска зборувајќи на панел-дискусијата „Македонците кои се искачуваат во бизнис елитата” на самитот „Македонија 2025″, што се одржува овие два дена во Скопје.

– Продуктивноста е насочена кон креирање вредност. Вредноста не мора секогаш да се проценува во пари, парите се еден од резултатите. Продуктивноста не е нешто што се случува само од себе, тоа е посветеност, планирање, самодисциплина. Една од работите кои се предизвик за нашата земја е да ја зголемиме продуктивноста. Затоа зборуваме за инвестирање во човечкиот капитал, односно во развојот и колку можеме да го користиме потенцијалот. Тоа на крајот се одразува на тоа колку сме продуктивни на нашите работни места, во животот, колку сме продуктивни како општество во целина и колку придонесуваме за развој на нашата земја, рече Ангеловска.

Зборувајќи за лидерството таа посочи дека е најважно да се имаат организациони способности, способност да се сослушаат останатите и да се биде грижлив за тоа како се чувствуваат вработените, како и да се извлече најдоброто од нив.

– Да имате „емоционална интелигенција” и да се грижите за луѓето, да бидете поддршка за своите вработени, тоа е многу важно во лидерството. Добриот лидер е оној кој е способен да создаде нови лидери и да биде среќен за успехот на другите луѓе, рече Ангеловска.

Таа истакна дека и менторството е важно за креирање на кадри кои ќе можат да одговорат на соодветните потреби на организацијата или институцијата, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот