Ангеловска: При креирање на мерките Владата мислеше на сите

На програмата во Влада има 150 милиони евра. Со ребалансот беа додадени 50 милиони евра, истакнува министерката за финансии.

Коронакризата освен што носи проблеми и ризици, отвора и можности за структурни промени, за создавање нов, подобар систем на функционирање истакна министерката за финансии Нина Ангеловска.

Според неа реализацијата на мерките како што се конципирани и креирани, говори и за долгорочната визија кон безготовинско општество, кон дигитализација, кон трансформација, кон современа и развојна македонска економија која по оваа криза ќе биде поконкурентна и посилна.

-Пред неколку дена го претставивме третиот сет економски мерки за ревитализација на економијата кои имаат за цел да го амортизираат ударот врз економијата. Сите мерки се креирани со јасно поставени цели и очекувани ефекти кои треба да ги дадат, како на краток така и на среден рок. При креирањето на мерките владата мислеше на сите – и на невработените, и на вработените со ниски примања, и на социјално ранливите категории, и на младите и на оние кои се најизложени во борбата – здравствените работници, и на приватниот сектор, погодените сектори, и на домашните компании, на македонскиот туристички сектор, на малите компании, на стартапите, на големите компании, на индустријата, на ИТ секторот на земјоделство кое има неискоирстен потенцијал, истакна Ангеловска.

Ориентацијата на Владата, нагласи, покрај решавањето на проблемите е и пребродувањето на последиците кои ги донесе корона кризата.

-Да посегнеме и да ги искористиме можностите што се отвораат пред нас за понатаму да функционираме подобро како општество, како економија, како луѓе. Зборувам за менување на навиките и користење на домашни производи и услуги… Зборувам за намалување на сивата економија преку создавање навики за безготовинско плаќање… За создавање платформи кои понатаму ќе функционираат и ќе обезбедат нови пазари за нашите фирми, рече министерката.

Таа потсети дека вториот столб мерки е насочен кон заштита на ликвидноста и работните места на краток рок, но и на поддршка за развој и зголемување на конкурентноста на компаниите во пост-корона периодот. Мерките поддржуваат инвестиции, полесен пристап до капитал, наоѓање нови пазари, извозна-ориентираност, дигитализација, модернизација, нови производи, како и вклучување таргетирани категории како жени претприемачи и млади лица.

Со нови 25 милиони евра за приватниот сектор, додаде, ќе се поддржaт компании за пласман на нови пазари, конкурентност и модернизација. Согласно законот за финансиска поддршка со 25 милиони евра преку Програмата за зајакнување на конкурентноста на индустријата им се помага на компаниите за освојување нови пазари, зголемување на нивната конкурентност како и модернизација на процесите.

-На програмата во Влада има 150 милиони евра. Со ребалансот беа додадени 50 милиони евра. Од оваа Програма се финансира и мерката за поддршка за плати – преку која над 18.000 фирми и над 120.000 работници беа исплатени 1,7 милијард денари. Од оваа Програма ќе се финаннсира и платежната картичка за поддрршка на потрошувачката со фокус кон дома, кон домашното. За платежната картичка за сите таргет групи се наменети 25 милиони евра. На оваа програма со додадените 50 милиони евра има бафер за да се димензионираат мерки согласно потребите на стопанството – затоа и е предвидено реализацијата на оваа програма да се случува од јуни до декември – да се развиваат програми и мерки согласно случувањата и потребите на приватниот сектор а во соработка со стопанските комори, подвлече министерката.

За Програмата за развој на бизнис услуги се предвидени 1,6 милиони евра, а преку ФИТР за компании кои брзо се прилагодуваат се проектирани 3,3 милиони евра, истакна Ангеловска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот