Ангеловска: Преку МСИП забрзано се градат и рехабилитираат локалните патишта

Дополнително преку МСИП се доделува и проектна документација на сите општини за изградба на околу 271 километар пат.

Одлична реализација на Проектот за подобрување на општински услуги-МСИП, особено во изградбата на локалната патна инфраструктура, каде во текот на изминатите 6 месеци во 13 општини е започната или завршена градба на повеќе локални патишта од кои корист ќе имаат преку 60 илјади граѓани.

Дополнително преку МСИП се доделува и проектна документација на сите општини за изградба на околу 271 километар пат. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на увид во изградната на Корзото во општина Ѓорче Петров и пристапната улица, на кој априсуствуваше и градоначалникот на општината Александар Наумоски.

– Проектот за подобрување на општински услуги остварува одлични резултати последниве 6 месеци, особено во делот на изградба на локални патишта и улици. Благодарение на грант средства преку Проектот за подобрување на општински услуги изградбата на локални патишта во земјава ќе се интезивира во претстојниот период, имено со 1,1 милион евра обрзбедени од Светска банка за 78 општини се обезбедува техничка документација за изградба на локални патишта до 3 километри должина, со што се очекува да се изврши изградба или реконструкција на 270 километри локална патна инфраструктура во земјава. Веќе 45 општини ја подигнаа проектината документација, а до крајот на март се очекува сите општини да ја добијат. На овој начин им се овозможува полесно да конкурираат за средствата од меѓународните фондови за изградба или реконструкција на локални патишта.- рече Ангеловска.

Инаку, во тек е градбата на Корзото и пристапна улица до него во општина Ѓорче Петров, во вкупна вредност од 337 илјади евра од кои 3,9 милиони денари се вгрант средства од Проектот.

-Ако во претходниот период Ѓорче Петров немаше ниту еден проект, откако дојдов на позицијата градоначалник имаме проекти буквално за се кои веќе доаѓаат на виделина. Соработката со Светската банка, преку проектните единици како Министерствто за финансии се на високо ниво. За толку кратко период, успеавме да реализираме речиси 80 отсто од програмата која ја ветивме пред локалните избори. Вложивме околу 500 илјади евра во Дексион за изградба на атмосферска и фекална канализација, почнавме со изградба на затворен базен, спортски сали во две основни училишта, асфалтирани се над 70 улици, а почна вовед во градба и на најмодерната градинка во земјата во Волково. Генерално сум задоволен, но продолжуваме натаму, работа и само работа-рече градоначалникот Наумоски.

Со изградбата на овие проекти бенефит ќе имаат жителите на општината Ѓорче Петров.

Инаку Проектот за подобрување на општински услуги Министерството за финансии го работи со поддршка на Светска банка. Вкупна вредност на проектот е над 100 милиони евра и досега има поддржано над 260 проекти во сите општини во државава. Целта на Проектот за подобрување на општински услуги е преку инвестирање во капитални проекти во општините да ги подобри услугите кои ги даваат и да влијае на подобрување на стандардот за живеење и економијата на локално ниво. Станува збор за проекти како изградба или реконструкција на локални патишта, водоводи, канализации, училишта, градинки, паркови, пазари, набавка на општинска механизација, машини, енергетска ефикасност итн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот