Ангеловска: Оданочувањето на штедните влогови ќе се одложи

фото: Слободен печат

Денеска, министерката за финансии Нина Ангеловска најави одложување на оданочувањето на капиталните добивки на компаниите, како и на штедните влогови во банките што ги имаат граѓаните.

Според промените кои е планирано да се воведат, значеше дека граѓаните ќе треба да плаќаат данок од 15 отсто за дивидентите, данок за заштедите кои ги чуваат во банка ако годишните камати надминат 15 илјади денари, а претходно ги бранеше министерот за финансии Драган Тевдовски.

– Ги разгледуваме можностите и ќе бидете благовремено информирани за точните одлуки. Меѓутоа, сега можам да ви кажам дека има волја, особено со оглед не само со поддршка на пазарот на капитал, туку и како поддршка на ефективноста на имплементација на воведувањето. Значи, начинот на кој ќе се пресметува, начинот на кој ќе се даночи, бидејќи како што имам кажано во неколку наврати, разговараме за воспоставување на еден ефикасен и ефективен систем – изјави министерката која беше дел од конференцијата „Erste Investors Breakfast“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот