Ангеловска: Мора сите да бидат свесни дека и фармацевтите можат да бидат изложени на голем ризик доколку пациентите не ги почитуваат мерките за заштита (ВИДЕО)

Почина и првиот здравствен работник од Ковид 19, информираа од Фармацевтската комора. Станува збор за фармацевтскиот работник Петар Мојсоски од село Подгoрци, Струга, кој починал на Инфективната клиника во Скопје. Мојсовски имал 58 години и се заразил извршувајќи ја својата работа.

Бистра Ангеловска, од Фармацевтската комора за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ изјави дека нивниот колега бил исклучително внимателен човек, дисциплиниран, посветен на професијата и истражувач од својата област.

-Како Фармацевтска комора апелираме да се подигне свеста на граѓаните, пациентите за опасноста во која се наоѓаме. Мора сите да бидат свесни дека и фармацевтите и останатите здравствени работници можат да бидат изложени на голем ризик доколку пациентите не ги почитуваат мерките и протоколите за заштита. Мора да се научат во аптека еден по еден, затоа што фармацевтте не можат да бидат и редари, вели Бистра Ангеловска, претседател на Фармацевтската комора.

Неофицијално, негови колеги од Подгорци велат дека починатиот здравствен работник се заразил од пациенти кои доаѓале на преглед во ординацијата, во чиј склоп била аптеката во која работел Мојсовски во Подгорци.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот