Ангеловска: Македонија ќе позајми 580 милиони евра за справување со коронавирусот

Министерката за финансии Нина Ангеловска на прес-конференција говореше за новите информации за финансирање на Буџетот.

-Изминатиот период во министерството за финансии се работеше да се предвиди она што е непредвидливо, согласно намалената еконоска активност.

Сценаријата од ден на ден се менуваа. Проблемот е глобален, но се решава локално.
Владата го одбра здравјето, за разлика од некои држави.

За многу од мерките треба законски измени. Сигурност на буџетот и да обезбедиме финансиска инјекција во стопанството, да го заштитиме секое едно работно место.

И за едната и другата цел требаат средства од надвор. Согласно буџетот за 2020. беше планирано издавање на еврообврзница од 500 милиони евра. Со овие средства требаше да се отплатат дел од старите долови од над 700 милиони евра, од кои 400 се отплати во однос на странско задолжување.
Ако погледнете на 12 месеци оној период кога требало да се издаде еврообврзницата, се скратува. Во вакви услови тој комодитет го немаме и треба да обезбедиме финанси средства ведаш.
На вчерашната седница предлогот беше доставен до Владата и истиот беше усвоени усвоен.
Имајќи предвид дека еврообврзницата е процес од над 2 месеци и непредвидливоста е голема, министерството за финансии предложи да се искористи заем до еврообврзница од 400 милиони евра со рок од доспевање од 12 месеци.

Овој заем до еврообврзаницата ќе биде отплатен од еврообврзницата. Заемот е од странски банки со поволни услови. Процесот ќе биде започнат од понеделник.Очекуваме поволна каматна стапка.
Повлекување 87 милиони евра од Меѓународниот монетарен фонд и средства за развојни политки од Светска банка околу 100 милиони евра. Во понеделник барањата ќе бидат доставени.
Предлогот е потпишан и дополнителната заменик министерка што ја докажува општата свест од ударот од од оваа криза со коронавирусот.

Со овие средства ќе се обезбеди ликвидност на бизнисот и стопанството. На расходната страна ќе има кратења и пренамена и покрупни реалокации меѓу буџетските корисници.

Во вакви услови, ребаланс на буџетот нема да биде потребен, поради поголема агилност за носење уредби за прераспределба на буџетски корисници.

Најголемиот ефект од коронавирусот ќе се почуствува во вториот квартал од годината. Во третиот се зборува за стабилизација, а во четвртиот комплетно оправување. Тешко е да се предвиди како годината ќе заврши, а за истото најголемите аналитичари ги менуваат проекциите на дневно и неделно ниво, рече Ангеловска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот