Ангеловска: Лимитот за плаќање во кеш до 500 евра ќе ја разгореше сивата економија

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Нина Ангеловска, министерката за финансии, на денешната прес-конференција рече дека зголемувањето на лимитот на плаќање во кеш од 500 евра на 3.000 евра е одлука на пратениците во Собранието, а не на нејзиниот ресор. Сепак, правдајќи се, рече дека плаќање готовински до 30.000 денари би можело, како што вели таа, дополнително да ја разгори сивата економија иако целта би била токму спротивното.

Плаќањето во кеш минатата година беше намалено од 1.000 на 500 евра, но пратениците предновогодишно и по скратена постапка си ги изгласаа измените на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, со кој лимитот се крева на 3.000 евра.

– Се работи за предлог на пратеници. Приоритет на сивата економија е безготовинско плаќање. Требаше да се преиспита висината на новиот праг. Многу од коморите рекоа дека прагот е на прениско ниво и дека може да влијае на дополнително разгорување на сивата економија. Има земји кои воопшто немаат лимит, додека Хрватска, Бугарија, Словачка имаат лимит до 5.000 евра гледано компаративно, изјави Ангеловска.

Таа додаде дека стратегијата на Народна банка и на Министерството за финансии останува да се намали готовината и дека ќе се анализира оваа мерка, односно за една година ќе биде објавено каков ефект е постигнат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот