Ангеловска: Корисниците на домашната платежна картичка веќе можат да пазарат со неа

тим од Генералниот секретаријат и другите надлежни институции ги разгледуваат приговорите и оти сите кои дале приговор и ги исполнуваат условите, а не се на иницијалната листа, ќе добијат домашна платежна картичка.

Околу 28 милиони евра се веќе префрлени на банките за домашната платежна картичка, а до средината на изминатата недела се веќе издадени 60.000 картички за корисниците, во износ од околу 11 милиони евра и истите се во функција. Со домашните платежни картички веќе се пазарат македонски производи, рече во гостување во емисијата „Бизнис поенти” на Тв Алфа, министерката за финансии Нина Ангеловска.

-Вкупниот износ од 28 милиони евра е легнат на сметките на банките.  Банките секојдневно ги издаваат интензивно домашните платежни картички на граѓаните. Заклучно до 23 јуни веќе 60.000 картички беа во оптек и веќе се плаќа со платежните картички во маркетите, во продавниците, во угостителските објекти. Значи околу 11 милиони евра веќе беа на сметките на граѓаните до 23 јуни. Ние секојдневно ја следиме реализацијата на мерките, како картичките се издаваат и дистрибуираат до граѓаните, но ја следиме ситуацијата и за одредени приговори кои граѓани ги имаат поднесено, затоа што сметаат дека спаѓаат и ги исполнуваат критериумите, но не се нашле на листата, рече Ангеловска.

Прочитајте и...  Дел од корисниците во општините Аеродром, Сопиште, Ѓорче Петров и Чучер-Сандево утре ќе имаат прекин на електричната енергија

Министерката за финансии посочи дека тим од Генералниот секретаријат и другите надлежни институции ги разгледуваат приговорите и оти сите кои дале приговор и ги исполнуваат условите, а не се на иницијалната листа, ќе добијат домашна платежна картичка.

Домашните платежни картички можат да се користат за купување на домашни производи до 15 август. Продавниците се задолжени на посебни рафтови или со назнаки да ги посочат македонските производи во малопродажбата.

Прочитај повеќе

Едно лице обвинето за недозволено поседување оружје и муниција во Скопје

Слободен печат

„Букинг“ отпушта 4.000 вработени

Слободен печат

СДСМ и понуди на ДПА да биде дел од владината коалиција

Слободен печат

Пад на приходите на „Дизни“ за 42 отсто

Слободен печат

Букинг ќе отпушти повеќе од 4.000 вработени

Слободе печат

Одбележување Светска недела на доење – поддршка на доењето за поздрава планета

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Министерство за одбрана: Нашите војници во УНИФИЛ во Либан се безбедни

Слободен печат

Јужна Кореја прави сателит за следење на активностите на Северна Кореја

Слободен печат

Бизарни коинциденции: Дали Симпсонови уште еднаш ја предвидоа иднината, овојпат катастрофалната експлозија во Бејрут? (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат.

Во тропска бура Исија на источниот брег на САД загинаа најмалку четири лица

Слободен печат

Во сообраќајка во Грција загинаа седум лица, најверојатно мигранти

Слободен печат

Ангеловска-Бежоска за СБС: Девизните дознаки од иселениците важни за македонската економија

Слободен печат