Ангеловска: Инвестираме во квалитетни идни генерации

Фото: Слободен печат

Според министерката, владата веќе почнала со националната стратегија за вложување во човечкиот капитал.

-Во оваа насока, Буџетот го насочивме кон луѓето, со цел да допринсеат поголем дел од својот потенцијал. За 64 отсто се зголемени финансиите во трите столбови, најбитни за тоа. Ако не го зајакнеме човечкиот капитал, нема да имаме реална работна сила. Повеќе од јасно ни е дека ни е потребна национална стратегија за вложување во човечкиот капитал- истакна министерката за финансии, Нина Ангеловска, на денешната заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

Таа додаде дека како влада, издвојуваат повеќе средства во здравствениот систем и во образовниот систем.

-Во 2020 година се издвоени 360 милиони денари за изградби на градинки и зголемување на постојните капацитети. 10,5 милијарди денари се одвоени за социјалната заштита на најранливите категории. Одвојуваме средства и за деинституционализација и социјални услуги, вкупно 261 милиони денари. Зголемена е и поддршката за раст на вработеноста и приватниот сектор- рече Ангеловска.

Министерката истакна дека од први јануари ќе се зголеми прагот на ДДВ од еден на два милиони денари со цел да се намали административниот товар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот