Ангеловска: Имаме три сценарија за справување со економската криза – поволно, неповолно и најнеповолно

Министерството за финансии има три основни сценарија – поволно, неповолно и најнеповолно за справување со последиците што ги предизвика коронавирусот во економијата, а најголемиот удар во сите се очекува во вториот квартал од годинава, најави денеска министерката за финасии Нина Ангеловска.

-Многу е тешко за економските аналитичари, вклучително и за меѓународните финансиски институции,  да ги предвидат случувањата. Ова се должи на самиот карактер на кризата, затоа и нашите сценарија постојано се обновуваат, па така од секое сценарио имаме повеќе верзии. Главно, имаме три основни сценарија: поволно, неповолно и најнеповолно. Кај првото сценарио – поволното, предвиден е пад од 20 отсто на вкупната приходна страна на консолидиран буџет во однос на планот. Тоа би значело намалување на приходите за околу 700 милиони евра, односно за толку би се зголемил дефицитот и потребите за финансирање, рече Ангеловска на денешната прес-конфернција.

Прочитајте и...  Филипче: Имаме помала стапка на смртност од Грција и од Словенија

Кај второто сценарио – неповолното, потенцира, падот на буџетските приходи би изнесувал околу 30 отсто со што потребите би се зголемиле за околу една милијарда евра. И кај третото најнеповолното доколку приходите паднат 40 отсто, дополнителните потреби би биле околу 1,3 милијарди евра.

– Кај сите сценарија најголемиот пад на даноците се очекува во вториот квартал од 40 до 65 отсто во однос на претхосната година, додека претпоставките за третиот и четвртиот квартал се разликуваат согласно кога би започнал периодот на економско заздравување и стабилизација. Важно е да сме подготвени и за најлошото сценарио, а секако да преземаме мерки и да повлекуваме соодветни чекори за да се случи најдоброто, посочи Ангеловска.

Прочитајте и...  Починал, го погребале без протокол за Ковид 19, па позитивниот брис стигнал по закопот

Будното следење, агилноста и флексибилноста на владите, нагласи, се клучни за делување  и справување со овој здравствено-економски шок.

-За секое од трите сценарија подготовуваме и сценарија за финансирање. Непредвидливоста и ранливоста на пазарите на капитал носи голем предизвик и при креирање на овие сценарија. Во тек е постапка за обезбедување на средства од Меѓународниот монетарен фонд, Светска банка и инструментот премостување до обврзница. Постапките се во тек и се очекува до мај да ги обезбедиме овие средства, потенцира Ангеловска.

Прочитај повеќе

Гутереш: Простување на долговите и на земјите во развој

Слободен печат

Полицајка од Куманово опомената за своето недолично однесување, возела со нозете кренати на волан (ВИДЕО)

Слободен печат

Зекири: СДСМ сака брзи избори на кои ќе учествуваат сите политички чинители

Слободен печат

Синоличка: Инаетот на мнозинството ќе го сотре и најсовесниот граѓанин

Слободен печат

Нови правила и за капење во базени во Грција и за лежење покрај море, ова е задолжително летово

Слободен печат

Министерство за правда: Истрагата за смртта на Џорџ Флојд е „главен приоритет” (ВИДЕО)

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Јанушев: СДСМ роковите за избори ги вади од ракав

Слободен печат

„Проба за протест“ на партијата на премиерот Курти во Приштина

МИА Агенција

Франција наскоро целосно ќе излезе од мерките на изолација

МИА Агенција

Едуар Филип: Одлуката за отворање на надворешните граници на ЕУ по 15 јуни

МИА Агенција

Бебе позитивно на ковид-19 со специјален лет префрлено на клиника во Швајцарија

Слободен печат

СДСМ: Чулев со невистини се обидува да ја вознемирува јавноста

Слободен печат