Ангеловска: Буџетот е крвотокот на државата кој го овозможува нејзиното функционирање

Пред 28 години, на денешен ден, 2-ри април 1992 година, донесен е првиот буџет на независна Република Македонија. Министер за финансии бил Методија Тошевски. Првиот буџет тежел 75,9 милијарди југословенски динари или во денешна вредност, станува збор за околу 1,2 милијарди евра.

Ова го објави на својот Фејсбук профил министерката за финансии Нина Ангеловска, која додава дека во текот на овие 28 години многу нешта се промениле, од валутата до структурата на буџетот, но останала неговата намена, неговото значење за нас како самостојна и  независна држава.

– Буџетот е крвотокот на државата кој го овозможува нејзиното функционирање. Затоа и го одбележуваме Денот на буџетот, наведува министерката.

Додава дека буџетот е планот со кој во добрите времиња треба да се поттикне општествениот и економски развој, додека во лошите времиња да се одговори на потребите и да се преброди кризата.

-Во моментите кога се соочуваме со еден од најголемите предизвици кој ни се случил во последните три децении, со коронакризата, која освен здравствен, стана и предизвик за економијата, за фирмите, за работните места, сакам да ви порачам дека буџетот ќе одговори на овој предизвик. Со мерките кои ги преземаме и ќе ги преземаме, клучно е да го заштитиме здравјето на граѓаните, но и да ја одржиме во живот економијата и брзо да ја ставиме на нозе, кога здравствената криза ќе помине. Ќе се избориме со ова…заедно, порачува министерката на својот Фејсбук профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот