Ангеловска-Бежоска – Петров: Прва национална стратегија за финтек-секторот до крајот на годината

Ангеловска-Бежоска – Петров
На средбата директорот на ФИТР, Петров ги презентира предлог-мерките за забрзан раст на македонскиот „стартап" екосистем, а беше искажана и подготвеност за вклучување на Фондот во изработката на Националната стратегија за развој на финтек-секторот / Фото: Народна банка на Република Северна Македонија

Подготовката на Националната стратегија за развој на финтек-секторот кај нас би завршила до крајот на годинава. За успешно да се изработи и да се спроведе Стратегијата, како една од стратегиските цели на Народната банка, е потребно активно вклучување на голем број институции. Оттука, во Народната банка беше остварена средба помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Коста Петров, како и тимовите од двете институции.

На средбата директорот на ФИТР, Петров ги презентира предлог-мерките за забрзан раст на македонскиот „стартап” екосистем, а беше искажана и подготвеност за вклучување на Фондот во изработката на Националната стратегија за развој на финтек-секторот. Воедно, се разгледаа и можностите за соработка меѓу институциите во наредниот период, во областа на иновациите во финансискиот сектор, како тема од заемен интерес.

На состанокот беа презентирани и активностите на Работната група за финтек-секторот во рамките на Народната банка, како воспоставувањето на т.н. Порта за иновации ‒ платформа за комуникација на Народната банка со иновативната бизнис-заедница (финтек-секторот) и други релевантни институции. Како што беше посочено, досега, преку оваа платформа се доставени повеќе прашања за консултација и е изразен интерес од повеќе домашни и странски субјекти за вложување во финтек-секторот во земјава. Исто така, со поддршка на Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), се спроведени Анкета и Студија за остварливост за развојот на финтек-секторот во земјава, а извршено е и првото мапирање на финтек-екосистемот во земјава.

Неодамна ЕФСЕ ја посочи Народната банка како лидер во регионот во активностите за поддршка на развојот на финтек-секторот, а Република Северна Македонија како единствена земја во регионот чијашто централна банка го има мапирано финтек-екосистемот.

Дел од експертите на Работната група за финтек-секторот во Народната банка се вклучени и во работните групи за финансиски иновации формирани од Банката за меѓународни порамнувања (БИС), со што нашата централна банка учествува во оформувањето на најновите меѓународни согледувања и регулативи за финтек-секторот.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот