ИНТЕРВЈУ Ангеловска-Бежоска: Очекуваме раст на инвестициите (ВИДЕО)

фото: Слободен печат/Д.Митрески

Во интервју за „Слободен печат“, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска се осврнува на најновите макроекономски проекции на централната банка, истакнувајќи дека за годинава се очекува економски раст од 3.5%, со позитивен придонес од извозот, во услови на раст на странската побарувачка за нашите производи и услуги, солиден раст на личната потрошувачка при раст на расположливиот доход, како и раст на приватните и државните инвестиции.

Според Ангеловска-Бежоска, забрзувањето на евроинтегративните процеси може да придонесе за значително зголемување на странските директни инвестиции кај нас, а со тоа да влијае на попозитивни остварувања во повеќе сегменти во нашата економија.

Со оглед на глобалните трговски тензии и високиот степен на трговска отвореност на нашата економија, таа оценува дека останува потребата од следење на случувањата, проценка на импликациите кај нас и доколку е потребно преземање на соодветни монетарни мерки.

Гувернерката говори и за стабилноста на денарот во однос на еврото, за адекватното ниво на девизните резерви и за основната каматна стапка на Народната банка којашто во моментов е на историски најниско ниво.

Според Ангеловска-Бежоска, сите клучни параметри од кои зависи монетарната политика, во моментов се поволни. Народната банка е активно вклучена во активностите за доближување на нашата земја до европското семејство, истакнува гувернерката, напоменувајќи дека нашата регулатива во делот на финансискиот систем се одликува со висок степен на усогласеност со европската.

Целото интервју со Гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска погледнете го во видеото.

БОНУС ВИДЕО:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот