Ангеловска-Бежоска: Макроекономската состојба е стабилна, но нѐ загрижуваат ризиците кон реалниот сектор

Гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска на прес-конференцијата во Владата потенцираше дека макроекономската состојба е стабилна во услови на високо ниво на девизни резерви и здрав банкарски систем.

– И на почетокот на оваа година има стабилни инфлациски движења, таа е во просек 0,7 отсто што е пониско од нашите очекувања, а имајќи ги предвид цените на светски берзи кои влијаат на стапката на инфлација. Се оечкува до крајот на годината да е под нивото кое го проектираме односно под 1,5 отсто – рече таа.

Се осврна и на девизните резерви, за кои посочи дека изнесуваат околу 3 милијарди евра.

– Ова значи дека имаме високо ниво кое се согледува не само преку номиналниот износ, туку преку стандардните макроекономски индикатори. Причините се значајната акумулација на девизни резерви, особено во последните 2 години, кое растеше за 450 милиони евра. Имаме адекватно ниво на девизни резерви за потенцијални шокови – вели Бежоска.

Според гувернерката, најновите податоци укажуваат дека банкарскиот систем е здраво јадро на нашата економија.

– Високата капитализираност на банкарскиот систем, на пример адекватноста на капиталот што е повеќе од двојно од минималното законско барање. Ликвидноста на банките е на високо ниво, односно околу 30 отсто. Активата на банкарскиот систем е значаен фактор кој влијае на кредитната поддршка за пружање на коорпоративниот сектор. Тоа може да се согледа преку нивото на нефункционални кредити, 4,7 отсто во вкупните кредити, значајно пониско ниво предкризниот период што значи дека во регионални рамки е од пониските – рече таа.

„Сите овие индикатори упатуваат дека макрономската состојба е стабилна, но нѐ загрижуваат ризиците кон реалниот сектор. Централната банка презема некои мерки во рамки на законските надлежности“, рече Ангеловска-Бежоска.

На 16 март беше одлучено да се намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, сведувајќи ја на 1,75 проценти што е најниско ниво во нашата економија. Ова намалување следува по намалувањето во јануари, кога во услови на стабилни макроекономски состојби централната банка ја намали каматната стапка за 0,25 процентни поени. Целта е да се поттикне кредитен економски циклус насочена кон коопрпоративниот сектор, констатира таа.

Вчера беше одржана вонредна седница на советот на НБ на која се разгледуваа дополнителни мерки:

– Првата мерка е мерката за ставање во функција на еден неконвенционален народен инструмент. Во однос на секторите се координираме со Владата. Ова значи ослободување на поголема ликвидност на банките за кредитна поддршка и условите за кредитна поддршка.
Одлука за одложуавње на примената за ризици, со цел намалуавње регулаторни барања, кои не се неопходни и нема да знаат фрекфентност на работа во банките за тие да се фокусираат на кредитирањето на приватниот сектор.

Во тек е предлог одлука за управување со кредитен ризик, каде фокусот е да се обидеме да влијаеме потаргетирано. Целта е да се олеснат условите за реструктуирање на кредитие на погодените сектори. Тоа значи променана условите односно намалуавње каматна стапка, гејс период, рок на плаќање на кредити итн. Очекувам набрзо оваа одлуак да биде предложена до советот на НБ и истата да се усови.

Продолжуваме да го следиме развојот на настаните иако енеблагодарно да зборуваме за квантификација на одредени еномски ефекти. Постојано ќе ги прилагодуваме нашите монетарни инструменти, доколку состојбата тоа го налага.

Банките продлжуваат да работат и да ги остваруваат своите функции. Но притоа бид акале да апелираме да се избегне посета на филијатите на банките во интерес на здравјето на сите граѓани. Апелирам граѓаните да користат картички или електронски начин на плаќање за минимизирање на ризиците. Дадовме препорака до банките намалуаваат провизии за користење на електронско банкарство. Апелираме до сите граѓани да ги следиме и почитуваме препораките за превенција ид а се грижиме за сите нас, за целокупната економија, рече гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот