Ангеловска – Бежоска и Ангеловска за ВОА: Економијата е во добра кондиција

Министерката за финансии Нина Ангеловска и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска – Бежоска за Гласот на Америка говорат за проекциите и напредокот на македонската економија

Првите жени на финансискиот сектор на Северна Македонија, министерката за финансии Нина Ангеловска и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска – Бежоска говорат за атмосферата на годишните Есенски средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон каде учествуваат највисоки претставници и експерти од 189 земји во светот. Македонската економија е во добра кондиција и реални се очекувањата земјата да стаса до 3,5 отсто, вели Ангеловска.

Буџетскиот дефицит се задржува на ниво од 2,7 проценти, а ревидираната проекција за економски раст е 3,2 отсто за Северна Македонија. Има значителен пораст на странските инвестиции по завршувањето на политичката криза пред 3 години, рече Ангеловска – Бежоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот