Ангелов упати порака до Наќе Чулев: Прво гледај ги државните интереси

Воедно, се надевам, пишува Ангелов, му посакувам и му сугерирам како технички министер за внатрешни работи прво да се погрижи за државните, а дури потоа за партиските интереси бидејќи и двајцата добро знаеме дека Македонија ни е се што имаме.

По изборот на Наќе Чулев за технички министер на МВР, на Фејсбук се огласи генералот Стојанче Ангелов, кој вели дека новиот министер е исклучително чесен и образован човек, но дека во разузнавачките кругови најверојатно влегол со благослов на Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на УБК.

-Како прво со сигурност можам да кажам дека мојот школски другар Наќе Чулев е исклучително чесен и позитивен човек. Како второ, неспорно е дека има и одлично образование. За тоа делумно можам да посведочам и јас бидејки во далечната 1991 година заедно ги започнавме студиите на Факултетот за безбедност. Распадот на Југославија и осамостојувањето на Македонија ги поминавме заедно учејќи од тогаш најдобрите разузнавачи, криминалисти, криминолози, кривичари, социолози и психолози. Понатаму Наќе заврши уште еден куп школи од разузнавачко-безбедносната област, но воедно стекна и еден куп респектабилно професионално искуство во Агенцијата за разузнавање. А со разузнавачи нема шала. Тоа е една посебна школа која откако ќе се научи никогаш не се заборава, а еднаш стекнатите конекции тешко или никогаш не се прекинуваат- – пишува ангелов на Фејсбук.

Барем кај нас, пишува Ангелов, припадниците на безбедносно-разузнавачкиот систем, владее едно непишано правило дека од 1945 година наваму секој еден припадник на разузнавачките или контраразузнавачките служби бил, а некои сè уште се, под помало или поголемо, директно или индиректно влијание на Белград. Немоќта за целосно отргање од канџите на некогаш најмоќната југословенска служба за државна безбедност народот низ годините ја преточил во максимата „УДБА наша судба“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот