Ангелов: Совладан е големиот шумски пожар кај селото Будинарци, целосно е изгаснат реонот на општините Пехчево, Делчево и Берово

ЦУК Стојанче Ангелов / Фото: МИА

По неколкудневна борба со огнената стихија над селото Будинарци, попладнево пожарот е совладан. Со тоа целосно е изгаснат големиот шумски пожар кој го зафати реонот на општините Пехчево, Делчево и Берово, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Тој на својот фејсбук профил објави дека во пожарот не настрадал ниту еден локален жител, ниту припадник на противпожарна или друга единица или институција, со исклучок на еден повреден австриски пожарникар кому му посака брзо оздравување.

Посочи дека дел од австриската противпожарна опрема, како и наши и бугарски пожарникари ќе останат да стражарат на терен за да не дојде до повторно разгорување на огнот на одредени места, нешто што, како што посочи, редовно се случува по совладувњето на вакви големи пожари, особено имајќи го предвид засилениот ветар кој од пред малку почна да дува.

-Голема благодарност до посадите на македонските и српските хеликоптерски единици и романски авиони, македонските, австриските, словенечките и бугарските пожарникари, до припадниците на Национални Шуми и Шумската полиција, до припадниците на македонската Армија и Полиција, како и вработените во ДЗС, ЦУК и останатите институции кои на било кој начин помогнаа во совладувањето на овој, веројатно, најголем шумски пожари во Македонија досега, пишува Ангелов на Фејсбук.

Посебна благодарност директорот на ЦУК упати и до локалното население кое, како што рече, храбро и пожртвувано помогна во одбраната на селата од огнената стихија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот