Ангелов: Проценките за штета ги врши локалната самоуправа, обештетувањето почнува веднаш со рок од 360 дена

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, денеска соопшти за начинот на обесштетување на граѓаните кои претрпеле штети од природни непогоди и други несреќи.

Ангелов вели процената и утврдувањето на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи во согласност со Закон за заштита и спасување ја вршат единиците на локалната самоуправа по единствена Методологија за процена на штети од природни непогоди и други несреќи која ја донесува Владата, на предлог на Министерството за финансии.

– Утврдувањето на висината на штетата започнува веднаш по настанување на непогодата и во рок од 360 дена од престанокот на непогодата потребно е единиците на локална самоуправа да изготват Извештај – Елаборат за утврдената штета во согласност со единствената Методологијата за процена на штети од природни непогоди и други несреќи и да го достават до Комисијата за проценка и утврдување на штета од елементарни непогоди што ја формира Владата. Комисијата што ја формира Владата по претходно добиените извештаи изготвува вкупен извештај за штетата и го доставува до Владата најдоцна во рок од 120 дена од доставувањето на извештајот од страна на општините со што се остварува можноста за обезбедување на парична помош од Буџетот на Републиката. Помошта може да биде во вид на непосредна парична помош или помош со намалување, односно ослободување од даночните обврски, кои се даваат без обврски за враќање, вели Ангелов.

Додава дека помошта која ја добиваат единиците на локалната самоуправа и другите правни лица може да ја користат исклучиво за намената за која е дадена.

– Центарот за управување со кризи преку свој претставник учествува во работата на Комисија за проценка и утврдување на штетата од елементарни непогоди формирана од Владата. Центарот за управување со кризи во согласност со законските надлежности навремено, целосно и соодветно ги реализираше сите неопходни активности поврзани со горе наведите настани со цел надминување и справување со опасностите на подрачјето на зафатените општини, соопштува Ангелов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот