Ангелов: Пожарот во близина на Радовиш е под контрола

Стојанче Ангелов / Фото: Принтскрин

Ангелов информираше дека на вчерашната седница одржана во Неготино, на која присуствувале и градоначалниците од зафатените региони со пожари, бил донесен заклучок за зголемување на бројот на припадниците на Армијата за помагање во справувањето со пожарите

Големиот српски хеликоптер рано утрово полета со пет тони вода кон пожарот во Радовиш и слободно можам да кажам дека пожарот во непосредна близина на Радовиш и селото Штурово веќе е ставен под контрола, изјави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Ангелов преку видео-обраќање соопшти дека утрово заедно со Главниот штаб за управување со кризи одржале брифинг со домашните и странските пилоти кои учествуваат во гаснењето на пожарите.

ЦУК: Во изминатото деноноќие имало 24 пожари, 13 сè уште се активни

– На територијата на Општина Чашка кај селата Горно и Долно Јаболчиште дејствува еден црногорски хеликоптер и еден полициски хеликоптер. На територијата на Општина Росоман кај селото Сирково дејствува еден полициски хеликоптер и трите „ер-трактори“ на ДЗС. На нив во секој момент треба да се приклучи хрватски „канадер“, кој покажа одредени слабости и истите треба да бидат отстранети во секој момент. Кај Лисец ќе дејствува романскиот „Спартак“ кој ќе фрли пет тонски водни бомби – вели Ангелов.

Тој додаде дека дел од екипажот на леталата се чувствува преморено и поради строгите воздухопловни правила не можеле да полетаат утрово, а попладне ќе имаат на располагање дополнителни сили.

Ангелов информираше дека на вчерашната седница одржана во Неготино, на која присуствувале и градоначалниците од зафатените региони со пожари, бил донесен заклучок за зголемување на бројот на припадниците на Армијата за помагање во справувањето со пожарите.

– Рано утрово претседателката потпиша указ со кој ни се доделуваат 300 припадници на Армијата како помош во справувањето со пожарите. И за плус 30 припадници е зголемен и бројот на полицајци. На располагање денеска имаме и 60 припадници на Единицата за брзо распоредување – рече тој.

Ангелов потенцираше дека во моментов има околу 15 активни пожари.

Поради пожар во прекин сообраќајот на регионалниот пат Неготино – Штип

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот