Ангелов: Пет хеликоптери ќе го гаснат пожарот во Пехчевско

Стојанче Ангелов
Стојанче Ангелов / Фото: Архива на „Слободен печат“

Пет хеликоптери од кои два македонски и три српски се на пат кон Пехчевскиот регион и заедно ќе го гаснат големот пожар што се заканува на околните села, изјави попладнево в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

Тој апелира на смиреност и запазување на мерките за безбедност.

– Без паника! Безбедноста на луѓето на прво место! Доколку некој е загрозен од пожарот веднаш нека се оддалечи на безбедно. Нови куќи се прават, нови дрвја ќе пораснат, изгубените животи на луѓето нема да се вратат! Затоа апелираме за запазување на мерките за безбедност. Безбедноста на луѓето на прво место!, се вели во писмената изјава на Ангелов.

Претходно во Пехчево заседаваше Кризниот штаб на кој беа утврдени насоки на делување за справување со пожарот.

Градоначалникот Драган Тренчовски изјави дека Пехчево се преземени мерки и побарана е помош за справување со пожарот.

– Лоша е ситуацијата со пожарот бидејќи се префрли и дојде во делот над селата Робово и Умлена. Пожарот е високо на шумските предели над селата, но се шири на голема површина. На терен се екипи на ТППЕ од Берово и Пехчево, како и од Шумското стопанство, Центарот за управување со кризи и ДЗС, а имаме насоки дека ќе добиеме поддршка од воздух, односно треба да пристигнат два хеликоптера. Исто така, имаме насоки дека ќе добиеме помош од соседна Бугарија од каде е испратена екипа со 25 луѓе, информираше Тренчовски.

ФОТО+ВИДЕО | Алармантно: Голем пожар во близина на Пехчево

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот