Ангелов оствари средба со синдикални претставници од КСОМ

В.директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов денеска остварил средба со претставници од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) на која се разговарало за нивните барања за изедначување на платите и подобрување на условите за работа за пожарникарите со носењето на закон за пожарникарство.

Тие, како што соопшти попладнево ЦУК, посочиле дека пожарникарите повеќе од една деценија се оставени сами на себе и се опремуваат само со донации.

– Меѓу другото, го запознаа и со предлози за да си го најдат своето место под заедничка команда сега, а и во целокупна поставеност во рамки на идните реформи на Системот за управување со кризи (СУК), се вели во соопштението од ЦУК.

Ангелов нагласил дека треба да се вреднува ризикот на пожарникарите бидејќи на терен спасуваат животи и материјални добра. Најавил можни идни средби што, според можностите, би се одржувале во следниот период. Средбите би биле во насока на тоа да се координира процесот на идните реформи во системот за управување со кризи.

Поради превентивните мерки, одржани се два последователни состанока. На нив присуствувале Марјан Ристевски, претседател на КСОМ, Арбен Велиу, претседател на Синдикатот на пожарникарите во Гостивар, Стојановски Ѕвонко КСС од Скопје, Гоце Делчев Тодев, главен координатор на КСОМ, Зоран Граороски, претседател на Територијалната противпожарна единица ТППЕ Прилеп, Робе Митрески од Прилеп и Горан Ристески, претседател на гранскиот Независен синдикат на државна администрација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот