Ангелов на средба со претставници од Домот за техничка култура „Народна техника – Штип”

Стојанче Ангелов
Стојанче Ангелов / Фото: Архива на „Слободен печат“

В.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов денеска во просториите на ЦУК оствари средба со претставници на Домот за техничка култура „Народна техника – Штип“, на која се разговараше за човечкиот потенцијал и можности за обука на кадри во сферата на превенција, справување и управување со кризи.

Како што соопштија од ЦУК, претставниците на Народна техника презентирале податоци и можности за квантитетот и квалитетот на капацитетите, техниката – авионите и едрилиците и човечкиот потенцијал. Посочиле дека обичниот кадар што произлегол од „Народна техника- Штип” е на рамниште на професионалците во светот. Истакнале дека десет професионални пилоти произлезени од кај нив и дека некои пилотираат во авиокомпании во светот.

Од „Народна техника – Штип“ потсетија дека порано имало специјализирана Радио мрежа за опасности, што како искуство може да се имплементира, согласно современата техника и можности, во системот за управување со кризи. Во контекст на соработка во сферата на управувањето со кризи, посочија дека здружението поседува спортски аеродром, хангари, два авиона и нова едрилица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот