Ангелов: Кој и да беше на власт ќе се судреше со Бугарија за истиот проблем

Фото: Ристе Пејовски/Слободен печат

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов во денешното гостување во емисијата Само Вистина на Канал5 телевизија, истакна дека преговорите со Р. Бугарија треба да продолжат, но не по секоја цена.

– Јас сум оптимист, сметам дека преговорите треба да продолжат со Р. Бугарија, но не по цена на идентитетот и јазикот. Значи како што беше денес кристално јасен премиерот не смеат да бидат доведени во прашање, вели Ангелов

Во однос на тоа што ќе се случи доколку не добиеме зелено светло на претстојниот самит во јуни во Брисел, Ангелов вели дека тоа би било добар повод за опозицијата да ги засили своите активности.

Доколку не добиеме датум на претстојниот самит, тоа ќе биде добар повод за опозицијата да ги засили своите активности, нешто што и е нормално. Работа на опозицијата е да се бори за доаѓање на власт. Ние знаеме дека кој и да беше на власт ние ќе се судревме за овој проблем со Бугарија, но опозицијата ќе го користи во политичката битка со власта, така што тоа дополнително ќе ја вжешти атмосферата во следниот период, истакна Ангелов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот