Ангела Меркел признава дека имало неуспеси во нејзината политика кон Русија

Меркел, Путин, Макрон и Зеленски на Самит во Париз, декември 2019 година, Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON / POOL

Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, признава дека имало неуспеси во нејзината политика кон Русија.

„Требаше побрзо да реагираме на агресивноста на Русија”, вели Меркел.

Коментарите на Меркел се однесуваат на руската окупација на украинскиот полуостров Крим во 2014 година, кога земјите на НАТО се согласија да потрошат два oтсто од својот бруто домашен производ за одбрана.

Германија ги зголеми своите трошоци наменети за НАТО, но се уште не ја достигна целта од два отсто, рече Меркел.

Таа, сепак, не жали за нејзината поддршка за изградбата на германско-рускиот гасовод „Северен поток 2″.

Забрана на проектот опасно ќе ги влошеше односите со Русија, вели Меркел.

Освен тоа, според неа, зависноста на Германија од рускиот гас не е само резултат на проектот за заеднички гасовод. Таа произлегува и оттаму што гасот обезбеден од Норвешка, Велика Британија и Холандија не ги задоволува германските потреби,

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот